Уапсен синот на Рос од „Пријатели“ во демонстрациите во Америка

Глумецот Кол Спраус, кој во јавноста е познат по улогата на Бен, синот на Рос во серијата „Приајтели“, бил уапсен додека протестирал против убиството на Џорџ Флојд во Санта Моника. Кол бил дел од групата демонстранти кои држеле транспаренти со ликот на Џорџ Флојд и извикувале „Не можам да дишам“, реченицата што убиениот ја повторувал додека полицаецот што го апсел му ја држел ногата преку вратот.

Кол, кој глуми и во хит серијата „Ривердејл“, самиот преку Инстаграм открил дека бил уапсен.

„Група мирни демонстранти, вклучувајќи ме и мене, е уапсена. Пред да почнат медиумите да го претвораат ова во  сензационална вест за мене, постои јасна потреба да проговорам за околностите: црните животи се важни. Ме уапсија додека покажував солидарност, како и многу други во Санта Моника. Ни дадоа опција да си одиме, потоа нè предупредија дека ќе бидеме уапсени доколку не го направиме тоа. Некои се обидоа да си заминат, но нè пресретнаа други полицајци кои ни оневозможија да си заминеме и ни ставија лисици. Ова морам да го нагласам како хетеросексуален маж и јавна личност, последиците од моето апсење ќе бидат никакви во споредба со последиците на многумина што учествуваа во движењето. Ова нема никаква врска со мене. Ова е време кога се поддржуваме едни со други, кога ситуацијата ескалира, им даваме поддршка на другите и ја правиме потребната работа. Ова е време да размислиме што значи да се биде сојузник со некој. Се надевам дека другите што се на мое место ќе го направат истото,“ напиша 27-годишниот глумец на Инстаграм.

View this post on Instagram

A group of peaceful protesters, myself included, were arrested yesterday in Santa Monica. So before the voracious horde of media sensationalism decides to somehow turn it about me, there’s a clear need to speak about the circumstances: Black Lives Matter. Peace, riots, looting, are an absolutely legitimate form of protest. the media is by nature only going to show the most sensational, which only proves a long standing racist agenda. I was detained when standing in solidarity, as were many of the final vanguard within Santa Monica. We were given the option to leave, and were informed that if we did not retreat, we would be arrested. When many did turn to leave, we found another line of police officers blocking our route, at which point, they started zip tying us. It needs to be stated that as a straight white man, and a public figure, the institutional consequences of my detainment are nothing in comparison to others within the movement. This is ABSOLUTELY not a narrative about me, and I hope the media doesn’t make it such. This is, and will be, a time about standing ground near others as a situation escalates, providing educated support, demonstrating and doing the right thing. This is precisely the time to contemplate what it means to stand as an ally. I hope others in my position do as well. I noticed that there are cameras that roll within the police cruisers during the entirety of our detainment, hope it helps. I’ll speak no more on the subject, as I’m (1) not well versed enough to do so, (2) not the subject of the movement, and (3) uninterested in drawing attention away from the leaders of the #BLM movement. I will be, again, posting the link in my story to a comprehensive document for donations and support.

A post shared by Cole Sprouse (@colesprouse) on

Текстот Уапсен синот на Рос од „Пријатели“ во демонстрациите во Америка е превземен од Reporter.mk.