Познатиот турбо фолк пејач Митар Мириќ е еден од дваесетте лица уапсени вчера во хотел во Белград за кршење на здравствените регулативи во време наа пандемија на коронавирус.
Меѓу уапсените биле и Радиша Трајковиќ Џани со семејството, како и фудбалерот Александар Пријовиќ.
Според Блиц, сите биле фатени околу 15 часот во еден белградски хотел, каде седеле во лоби бар и уживале во пијалок. Полицијата ги затекнала при контрола на здравствените регулативи во областа Нов Белград. Против сите нив е поднесена соодветна кривична пријава.
Пејачот, познат по хитот „Не може нам нико ништа“, сè уште не го коментирал инцидентот.
Текстот Уапсен српскиот пејач Митар Мириќ, го прекршил полицискиот ачс е превземен од Reporter.mk.