Уапсена членка на „Пуси рајот“ за употреба на дрога

Полицијата на Москва ја уапси членката на руската група „Пуси рајот“, Вероника Никулшинa, поради обвинувањата за користење на дрога, изјавил руски официјален претставник за агенцијата „Интерфакс“.

Како што пренесува агенцијата „Асошиејтед прес“, полицијата во Москва ја уапсила Никулшинa, два пати во еден месец, а таа пред тоа била во затвор поради протест на членките на групата „Пуси рајот“, за време на Светското првенство во фудбал минатата година.

Пјотр Верзилов, еден од членовите на бендот, објавил на „Твитер“ дека полицијата во Москва, во средата покрај Никулишина, уапсила уште шест нејзини пријатели кои немаат врска со групата „Пуси рајот“.

Членот на руската Јавна набљудувачка комисија Јевгениј Јаникијев изавил за „Интерфакс“ дека доколку се испостави дека Никулшинa е виновна и се заканува казна од 15 дена затвор.

 

 

Текстот Уапсена членка на „Пуси рајот“ за употреба на дрога е превземен од Reporter.mk.