Американецот Мајкл Гарџиоло е осуден на смрт за убиството на Ешлин Еверлин, поранешната девојка на актерот Аштон Кучер. Поротата во судот во Лос Анџелес го прогласи за виновен. Покрај за убиството на Ешлин, Мајкл е осуден и за уште две убиства и еден обид за убиство, пренесува „Индепендент“.
На судењето што почна во мај сведочеше и Кучер, кој раскажа дека на ноќта на убиството требал да се види со Ешли, но доцнел поради деловен состанок. Кога дошол пред нејзината куќа, низ прозорецот видел црвени дамки на подот, но помислил дека тоа е истурено црвено вино, па си заминал. Телото на Ешли го пронашле следното утро, во бањата, избодена 47 пати со нож.
Гарџиоло е прогласен за виновен благодарение на сведочењето на неговата последна жртва, девојката Михаела Марфи, која успеала да му побегне во 2008 година. Неговата друга жртва била Марија Бруно, која живеела во истата зграда со него. Тој ја нападнал со нож додека спиела во 2005 година. Марија која имала 32 години, била мајка на четири деца. Адвокатите на Гарџиоло тврделе дека за двата смртни случаи, полицијата немала доволно докази.
Од друга страна, случајот за обид за убиство, неговата одбрана ја темелеле дека тој пати од состојба на дисоцијативна фука, што претставува еден вид на амнезија, јавува „Би-Би-Си“.
Текстот Убиецот на девојката на Ештон Кучер осуден на смртна казна е превземен од Reporter.mk.