Поранешниот шеф на обезбедувањето на експремиерот Никола Груевски, Дејан Митровски – Урко, ја доби наградата „13 Ноември“ за најдобар тренер од Сојузот на спортови на Скопје. Наградата ја доби по повод одбележување на Денот на ослободување на градот.
Наградата за најдобар тренер на кикбокс клубот „Шампион“ ја доби заради неговата работа со Бобан Илиоски и Викторија Варадинова. Сојузот на спортови признанието му го даде денес на свеченост во СЦ „Борис Трајковски“, каде што награди добија и најзаслужните спортисти, тренери, екипи и спортски работници во Скопје.
Кикбоксерот Бобан Илиоски од „Шампион“ е најдобриот спортист на Скопје, а признанието го доби заради две први места на европските купови и едно второ место на светски куп. РК „Вардар“ е најдобар клуб на Скопје, а Кочо Димитровски, Борче Брсаковски и Венислав Недев ја добија наградата за животно дело. Зоран Поповски е најдобар спортски судија, Ласте Димитриевски од Нова Македонија е најдобар спортски новинар. Дарко Каевски, директорот на Агенција за млади и спорт, е најдобар општествено спортски работник.
Текстот Урко доби награда е превземен од Reporter.mk.