Двејн Џонсон сними уште еден филм, кој ќе се намачи на благајните, нешто слично како и неговиот претходен филм „Rampage“.
Во прашање е „Skyscraper“, акциски трилер со заложувачка тематика, сместен во Кина. Двејн Џонсон го глуми Вил Форд, американскиот воен ветеран во улога на водител на спасувачкиот тим на ФБИ, кој се занимава со безбедносна проценка на зградата.
На задача во Хонг Конг, Форд го проучува небодерот кој воедно важни за највисоката и најбезбедна зграда во светот. Во текот на неговата посета, стаклените делови ги зафаќа изненадувачи пожар, а тој е обвинет за новонастанатата ситуација. Вил мора да пронајде одговори за подметнатата трагедија за да го исчисти своето име и го спаси семејството кое е заробено во плментиот небродер.
Филмот го има продуцирано компанијата „Universal“. Зассега се чини дека филмот чини високи 125 милиони долари, а во тие средства не се вброени десетиците милиони дадени за маркетиншки трошоци. А заработката засега му е речиси 25,5 милиони долари.
Проблематиката која се јавува е дека ако филмот не успее да заработи барем 30 милиони во првиот викенд во САД, тогаш многу веројатно е дека нема во иднина да заработи доволно пари. Работата дополнително влошено поради фактот што во САД студиото добива 50% од заработката од кината, додека надвор од САД, заработката излегува некаде околу 20%. А за лошата заработка секако не допринесува и фактот што во моментов добар дел од публиката „украдоа“ и филмовите продолжението на „Ant-Man“ како и третиот дел од „Хотел Трансилванија“.
Сепак голем број филмски критичари се сомневаат дека Џонсон е испаничен од ваквата ситауција, со оглед на тоа што тој веќе си ги доби своите милиони. За оваа година тој ги изработи своите филмови. Останува да се види дали во 2019 година како ќе помине со „Брзи и бесни“ и „Hobbs & Shaw“.
Текстот Уште една катастрофална година за Двејн Џонсон е превземен од Reporter.mk.