Уште три жени го обвиниле фудбалерот Кристијано Роналдо за силување, пишува британскиот весник „Сан“. Против него неодамна е отворена постапка во Америка, откако Кетрин Мајорга го обвинила дека ја силувал во 2009 година во Лас Вегас.
Во натписот на „Сан“ стои дека една од новите, засега неименувани жени, била силувана по журката на која биле со Португалецот. Другата тврди дека Роналдо ја повредил, а третата рекла дека, исто како Кетрин, во 2009 година склопила договор со адвокатите на Роналдо дека нема јавно да зборува за настанот, за што добила пари.
На Роналдо ова не му е првпат да се соочува со обвиненија за силување. Кога имал 20 години бил осомничен дека силувал Французинка во хотелот „Сандерсон“ во Лондон. Седум недели подоцна судот поради недостаток на докази го отфрлил обвинението. Уште една жена тврдела дека Роналдо ги нападнал неа и нејзината роднина истата ноќ, но подоцна ја повлекла тужбата.
Текстот Уште три жени го обвинија Кристијано Роналдо за силување е превземен од Reporter.mk.