Вајнштајн ги злоупотребувал жртвите во собата на неговите деца

Пред судот во Њујорк сведочеше Мими Халеи, една од жртвите против холивудскиот продуцент Харви Вајнштајн. Халеи работела како помошничка на Вајнштајм и била една од главните сведоци на обвинителството.

Таа сведочеше дека Вајнштајн ја силувал во 2006 година во детската соба во неговиот стан на Менхетен.

„Не беше возможно да повикам полиција. Тогаш работев без работна виза и ми се закануваше да ме протераат од САД“, изјавила Мими.

Вајнштајн се соочува со обвиненија на повеќе од 80 жени, кои тврдат дека сексуално ги злоупотребил. Пред судењето, одбраната се обидела да го дискредитира сведочењето на Мими, настојувајќи дека таа била во контакт со продуцентот неколку години пред наводната сексуална злоупотреба.

 

 

Текстот Вајнштајн ги злоупотребувал жртвите во собата на неговите деца е превземен од Reporter.mk.