Една од жените кои го тужеле славниот холивудски продуцент Харви Вајнштајн, во своето обвинување напишала дека додека била во неговата канцеларија, Харви физички и сексуално ја нападнал.
„Сакаш ли да бидеш актерка? Јас спиев со Џенифер Лоренс и гледај ја сега, штотуку доби Оскар“, пишувало во обвинението на жената која минатата недела се појави на рочиштето за сексуално вознемирување кое се води против Харви Вајштајн.
Џенифер Лоренс ги негирала ваквите обвинувања велејќи дека никогаш немала сексуален однос со Харви.
„Никогаш немав ништо повеќе од професионален однос со тој човек. Мислам дека ова е уште еден пример од неговите гнасни тактики и лаги за да ги намами жените“, изјавила Лоренс.
На последното судење се водел процесот против Вајнштајн ѝ неговата компанија The Weinstein Company, филмското студио кое продуцентот го оформил со неговиот брат Боб.
Претставник на филмскиот продуцент, изјавил дека тужбата е злонамерна и дека на Вајнштајн му е жал што Џенифер е вмешана во овој страшен обид за клевета.
„Ова се обиди да се посрамоти името Вајнштајн и да се привлече вниманието на медиумите“, изјавил претставникот на филмскиот продуцент.
Текстот Вајнштајн се фалел дека Лоренс добила Оскар затоа што спиела со него, тврди една од жртвите е превземен од Reporter.mk.