Глумецот Вал Килмер, кој се прослави со улогите во филмовите „Топ ган“ и „Бетмен“, првпат јавно призна дека имал рак на грлото и дека ја победил болеста. 59-годишниот актер вчера се појави на црвениот тепих во Сан Диего, а вратот на кој има апарат што му помага при дишењето, го покри со црна шамија.
Килмер пред две години негираше дека е болен од рак на грлото.
„Имав проблеми со гласот, но се излекував со молитва“, рече тој.
Многумина мислат дека Килмер бил првпат опериран уште во 2015 година. Онколозите тогаш го предупредувале дека има мали шанси да се излечи ако ракот се прошири. Глумецот веќе не ја крие болеста, а на новинарите им раскажал дека е среќен што прифатил дека е болен и што побарал помош на време.
Текстот Вал Килмер по две години го победи ракот е превземен од Reporter.mk.