Валентина Сампаио е првиот трансродов модел на „Викторијас сикрет“

Бразилката Валентина Сампаио е првиот трансродов модел на американскиот бренд за долна облека „Викторијас сикрет“. Таа на „Инстаграм“ објави видео со порака дека никој не треба да се откажува од своите соништа. Валентина неодамна влезе во историјата и како прво трансродово лице на насловната страница на „Вог“.

Во ноември лани маркетинг-директорот на „Викторијас сикрет“, Ед Разек, беше критикуван од јавноста откако изјави дека трансродови модели не би смееле да се појават на ревии на нивниот бренд. Набргу потоа се извини.

Текстот Валентина Сампаио е првиот трансродов модел на „Викторијас сикрет“ е превземен од Reporter.mk.