Стивен де Соуза, режисерот на акциониот филм „Уличен борец“, за британски „Гардијан“ изјавил дека за време на снимањето на филмот, во кое можеле да се забележат сцени на насилство, како и оружје, било слично како и она што можело гледачите да го забележат на платното. Режисерот открива дека главниот актер Жан Клод Ван Дам имал проблеми со зависноста, па поради тоа правел проблеми за време на снимањето.
„Не можев тогаш многу да зборувам за тоа, но сега можам. Жан Клод беше „нашмркан“ до бесвест. Студиото мораше да ангажира личност која ќе се грижи за него. Се испостави дека и тој човек имаше лошо влијание на него. Жан Клод постојано се јавуваше дека е болен и бев приморан да „копам“ по сценариото за да најдам нешто друго кое би можеле да го снимиме. Не можев да седам со часови и да го чекам него. Продуцентите два пати му дозволија да замине во Хонг Конг и два пати доцнеше. Во понеделниците воопшто не се ни појавуваше“, изјавил Соуза.
Но, проблемот во овој филм, не беше само Ван Дам. Проблеми правеле и други актери кои не биле вметнати во видео играта по која филмот е снимен. Филмот доживеа целосна катастрофа и се испостави дека е вистинско промашување.
„Не знаев ништо за ликот кој го играм. Не знаев ни за видео играта, немав појма што треба да правам. Требаше да бидам луд научник. Си помислив, кој вид научник и зошто воопшто полудев?“, изјавил актерот Рошан Сет.
Иако е снимен во деведесетите на Тајланд, кога постоела можност да дојде до воен пуч во таа земја и покрај сите критики и потешкотии, филмот сепак на крајот заработил околу 105 милиони долари.
Текстот Ван Дам доаѓал „нашмркан“ на снимање на „Уличен борец“ е превземен од Reporter.mk.