Ванеса Хаџинс учела од Меган Маркл за улогата на принцеза

Ванеса Хаџинс откри дека морала да ја гледа кралската венчавка од почеток до крај, за да се подготви за улогата во годинешниот празничен филм на Netflix’s, Тhe Princess Switch.

29 годишната актерка вели дека била инспирирана од однесувањето на Меган Маркл и принцот Хари за време на нивната венчавка во мај годинава, но вели дека кралскиот начин на живеење во палатата, не е стил на кој би можела да се навикне.

„Ја гледав кралската венчавка додека бев на фризер и ми ја средуваа шминката и можам да кажам дека има многу правила на кои мора да се покорите. Тоа не е нешто на кое што би можела да се навикнам“, изјавила Хаџинс.

 

Текстот Ванеса Хаџинс учела од Меган Маркл за улогата на принцеза е превземен од Reporter.mk.