Британската кралска ковачница издаде метална паричка, со рок групата „Квин“, во чест на покојниот Фреди Меркјури и останатите членови на бендот.
„Ова е еден ‘кој би рекол’ момент. Имаме монета изработена од Кралската ковачница, вредна пет фунти”, рече гитаристот Брајан Меј.
„На едната страна е кралицата Елизабета, а на другата групата „Квин“. Тоа никогаш досега се нема случено”, додал Меј.
Сите британски монети и банкноти го содржат лицето на монархот. На кованицата е лого групата и инструментите кои сите членови ги свиреле. Клавирот на Фреди Меркјури, гитарата на Меј, тапанот на Роџер Тејлор и бас-гитарата на Џон Дикон.
Монетата е издадена во златна и сребрена варијанта, а цената варира од 13 фунти за сребреник до 2.100 фунти за златник. Ова е прва монета во планираната серија „Музички легенди“, објавиле од кралската ковачница.
Текстот Велика Британија издаде монета во чест на рок-групата „Квин“ е превземен од Reporter.mk.