Вељко Ражнатовиќ веќе неколку месеци е во врска со Богдана Родиќ, девојката со која на 18 март годинава, синот на Цеца се вери.
Богдана досега не се огласувала премногу во медиумите, но затоа на секој чекор ја следи синот на Цеца. Така беше и во Јагодина, каде Ражнатовиќ боксуваше против неговиот противник Италијанецот Данило Стачонеа.
По мечот, Вељко отворено проговори за својот однос со Богдана, и какво изненадување двајцата и подготвуваат на Цеца.
„Богдана и јас одлично се согласуваме, таа е прекрасна девојка. Таа е мојата среќна ѕвезда и мора пред секој меч да ми ги бакне двете раце. Многу се пишуваше и коментираше за нашата врска и на нашите родители им се ставаа зборови во уста кои не ги кажале. Затоа сега на вас ви откривам дека наскоро може да очекуваме бебе“, изјавил Вељко.
„Богдана и јас работиме на тоа да добиеме бебе, а потоа ќе правиме и свадба. Наскоро ќе одиме на одмор на две недели. Морам малку да си дојдам на себе. Напорно тренирав од ноември и од тогаш не прекинав. Имав секојдневно по три тренинга“, изјавил Вељко кој по мечот со Стачонеа, лекарите со крајни напори го вратиле Италијанецот во живот.
„За момент се исплашив. Погледнав како човекот не може да се соземе и не ми беше сеедно. Тоа е бокс, секој потпишува за својата одговорност и влегува во рингот каде го ризикува својот живот. Во боксот имам амбиции да бидам светски првак и ќе направам се за да го остварам тоа. Ништо друго не ме интересира“, изјавил Вељко.