Велшкиот фудбалер и актер Вини Џонс остана без сопругата

Сопругата на пензионираниот велшки фудбалер и холивудски актер Вини Џонс, Тања почина по шестгодишна битка со ракот, објави семејниот портпарол. Тања Џонс починала на 53 годишна возраст во нејзиниот дом во Лос Анџелес.

Во 2013 година нејзините лекари и дијагностицирале меланом, кој настанал како последица на лековите кои ги користела по направената трансплантација на срце пред 32 години.

„Вини и семејството додека минуваат низ овие тешки денови, сакаат да имаат само приватност“, изјавил портпаролот на семејството.

Двојката се венчала во 1994 година, во Ватфорд, а во 2007 година повторно ги обновија заветите. Во 2013 година, лекарите им ги соопштиле лошите вести дека двајцата имаат рак. Покрај операцијата на срце, Тања два пати се лечела и од рак на грлото на матката, а Вини открил дека под десното око има меланом.

„Ракот е најлош збор кој човек може да го слушне. Во текот на мојата фудбалска кариера, се соочував со големи и опасни момци, но оваа болест сигурно ми е најстрашниот противник. Кога се во прашање вакви работи, жените се психички посилни. Тања беше мојата сила. Не знам што ќе правам без неа“, изјавил Вини.

Вини и Тања ја добија ќерката Калеј Џеј, а пензионираниот фудбалер го има и синот Арон, кој го доби во врската со Милани Елистон.

 

 

Холивуд по фудбалската кариера

Вини кој го има надимакот „Тешкиот човек“, е пензиониран велшки фудбалер, кој во својата кариера има играно за Вимбелдон, Лидс, Шефилд Јунајтед, Челзи и КПР. Исто така бил и капитен на репрезентацијата на Велс, за која настапил осум пати.

По 1999 година, на радост на своите противници го оставил фудбалот, Вини влегол во актерскиот свет, каде одиграл низа на филмски улоги. Нешколуваниот актер снимил преку 30 филмови. Најголемата улога ја остварил во филмот Lock, Stock and Two Smoking Barrels, а неговиот талент за глума го препознал и британскиот режисер Гај Ричи.

Поради исклучителната физичка сила и грубиот изглед, Вили станал голем актер. Глумел заедно со Бред Пит (Snatch), Џејсон Статхам (Mean Machine) и во комедијата Euro Trip каде глумел хулиган на Манчестер Јунајтед.

 

Текстот Велшкиот фудбалер и актер Вини Џонс остана без сопругата е превземен од Reporter.mk.