„Венити фер“ објави ексклузивни фотографии од снимањето на „Беше еднаш во Холивуд“

Eксклузивини фотографии од снимањето на новиот филм на Квентин Тарантино, „Беше еднаш во Холивуд“ беа објавени во списанието „Венити фер“.

Во филмот ќе се појават голем број на филмски ѕвезди како Бред Пит, Леонардо ДиКаприо и Марго Роби се во главните улоги, а во филмот играат и Ал Пачино, Брус Дерн, Дакота Фенинг, Курт Расел, Лук Пери, Емил Хирш, Мајкл Медсен, Тим Рот, Лена Данам, Остин Батлер и Лоренца Ицо.

Премиерата се очекува да се прикаже на 26 јуни

Тарантино во интервјутo вели дека на сценариото работел пет години. Toj го опишува филмот како „приказна што се случува во Лос Анџелес во 1969 година, на врвот на хипи движењето во Холивуд“.

Во центарот на приказната се Рик Далтон (ДиКаприо), поранешна ѕвезда на вестерн-серии, и неговиот партнер и дублер Клиф Бут (Пит). Двајцата не успеваат да се снајдат во Холивуд, бидејќи никого не познаваат, но Рик има многу славна сосетка, Шерон Тејт (Роби).

Текстот „Венити фер“ објави ексклузивни фотографии од снимањето на „Беше еднаш во Холивуд“ е превземен од Reporter.mk.