Џенифер Лопез и Алекс Родригез се заедно од март 2017 година. Медиумите пишуваат дека таа конечно ја пронајде вистинската среќа во љубовта со поранешниот бејзбол играч.
Парот секојдневно објавува заеднички фотографии на социјалните мрежи, а на јавните настани се појавуваат како едно семејство, Џенифер со нејзините деца и Алекс со своите ќерки.
Алекс објави кратко видео од Џеј Ло на својот Инстаграм профил, а сите го забележаа огромниот дијамантски прстен на раката на пејачката. Обожавателите веднаш започнале да им честитаат во коментари, бидејќи сметаат дека се работи за веренички прстен, но тие сѐ уште не објавиле дали навистина станува збор за веридба.
Текстот Веренички прстен за Џенифер Лопез! е превземен од Reporter.mk.