Фолк-пејачката Адријана Ацевска, позната како Адријана Кеш, и музичарот Бока Рафинерија ја снимија заедничката песна, „Пали – гаси“. Песната е во аренби стил, поразлична од она што досега го снимаше фолк-пејачката. На социјалните мрежи коментираат дека овој стил одлично ѝ прилега на Адријана, а дека таа и Бока потсетуваат на српските музичари Ана и Раста.
„Адријана како да ја имитира Ана Николиќ или ми се чини“, стои во коментар на „Твитер“.
Бока Димитров е автор на музиката и текстот, аранжманот го направи Роберт Билбилов, а видеото за песната го сними „ДРД медија“ во режија на Драган Ристовски – Дац.
Ова е прва соработка на двајцата музичари.
Текстот (Видео) Адријана Кеш ја имитира Ана Николиќ е превземен од Reporter.mk.