(Видео) Адријана Лима сака да стане српска снаа, тајно го снимала Ѓоковиќ

Светскиот модел Адријана Лима на својот „Инстаграм“ профил сподели видео од тренингот на Новак Ѓоковиќ во Марбелји. Лима снимката ја направила надвор од теренот, за Новак да не забележи дека таа го снима.

На социјалните мрежи фановите на Лима коментираат дека таа го шпионирала Новак и дека повторно сака да стане српска снаа. Дел од нив се прашуваат како на ова би реагирала сопругата на Ноле, Јелена Ѓоковиќ.

Адријана Лима се разведе претходно од кошаркарот Марко Јариќ. Двајцата долго време беа во брак, а ги имаат и двете ќерки Сијена и Валнтина.

Текстот (Видео) Адријана Лима сака да стане српска снаа, тајно го снимала Ѓоковиќ е превземен од Reporter.mk.