Македонската група „Ај Кју“ има нова песна, „Денсин“. Минатогодишните евровизиски претставници на Македонија, новата песна ја снимија во студио во Лондон. Текстот на песната е на Бојан Трајковски, а спотот го режираше Џејмс Галант.
„Текстот е малку скокотлив и тоа уште повеќе доаѓа до израз со шепотењето во првата половина од песната, за на крај да кулминираат желбите и копнежите“, вели Бојан од „Ај кју“.
Марија и Бојан во моментов се во Лондон и ќе имаат настап во „Ројал Воксал Таверн“.
Текстот (Видео) „Ај Кју“ го освојуваат Лондон е превземен од Reporter.mk.