(Видео) Алек Болдвин се соблече во емисија

Глумецот Алек Болдвин во емисијата на Џими Фелон ги соблече панталоните за да покаже колку има ослабено. Во шоуто тој го претстави новиот филм Motherless Brooklyn, кој премиерно треба да биде прикажан на 1 ноември.

Додека разговараше со Фелон, актерот се пофали дека за време на снимањето ослабел неколку килограми.

„Не верувате дека ослабев? Сега ќе ви покажам“, кажал Болдвин и ги спуштил панталоните.

Глумецот откри и дека со сопругата Хилари Болдвин го чекаат петтото дете.

Текстот (Видео) Алек Болдвин се соблече во емисија е превземен од Reporter.mk.