„Преспав“ вчера го објави официјалниот трејлер за новата, четврта сезона, што ќе почне да се прикажува од 18 декември на МРТ1. „Сега само еден може да го спаси Преспав“, се вели во најавата, по што во пансионот влегува мистериозен маж во античка облека на бел коњ. Па, фановите коментираат дека „спасителот“ најверојатно е духот на Александар Македонски.
Но, фановите на серијата дополнително ги израдува и раскажувачот во трејлерот, односно гласот на Владо Јовановски кој го глумеше првиот Миле Бузалески.
„Преспа е местото каде што Господ Бог преспал… А Преспав требаше да биде место каде што ќе биде поставен рајот… но од изборот на сцени од новата сезона не изгледа како да сте во рајот. Напротив, амбиентот во пансионот делува хаотично, односите се затегнати, функциите помешани, а гостите непредвидливи,“ вели раскажувачот Јовановски.
Текстот (Видео) Александар Македонски го спасува пансионот „Преспав“ е превземен од Reporter.mk.