Поп-пејачката Александра Јанева ова лето реши да преработи дел од најдобрите домашни и светски хитови, а проектот го нарече #summerjam. Откако во јули ја преобработи хитот „Херој“, таа сега ја препеа и „Километри“ од Лозано, правејќи женска верзија на песната. Аранжманот на песната го направи Тино Стојановски.
Последните месеци, Александра има многу настапи низ Македонија со својот бенд 2Ве. Таа е актуелна и со песната „Еуфорија“ што ја сними заедно со својата пријателка и колешка Наташа Малинкова.
Текстот (Видео) Александра Јанева ја препеа на „Километри“ на Лозано е превземен од Reporter.mk.