(Видео) Александра Јанева со млади музичари ја препеа „Еве ме пак“

Пејачката Александра Јанева направи нова верзија на песната „Еве ме пак“. Таа заедно со уште 25 млади музичари, солисти и инструменталисти, ја испеа песната која ја сними со македонскиот пејач Ѓорѓи Крстевски.

„Сакам да ги слушнете, не поради тоа што свират и пеат моја музика, туку затоа што се мултиталентирани и нестварно слатки“, ни кажа Александра за овој проект кој го сними во домашни услови поради изолацијата од вирусот.

Таа видеото го објави на социјалните мрежи и веднаш доби голем број пофалби за сработеното.

Текстот (Видео) Александра Јанева со млади музичари ја препеа „Еве ме пак“ е превземен од Reporter.mk.