(Видео) Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер, романтична фотосесија за „Вог“

Ана Ивановиќ (31) и Бастијан Швајнштајгер (34) снимија романтична фотосесија за германското издание на „Вог“. Тие позираа на плажа и зборуваа за довербата во врската и семејните моменти.

„Секој ден сум благодарен за моментите поминати заедно, ние тројцата“ – вели Бастијан. „Сметам дека комуникацијата е многу важна во секоја врска и потоа можеш да правиш компромис, можеш да правиш сè да успее ако сакаш, но во основата стои љубовта и уживањето да минувате време заедно и всушност, да учите еден од друг“, вели Ана во видеото.

 

„Ана знае точно што чувствувам и тоа ми го прави животот многу полесен. Ми се допаѓа тоа“ – признава славниот фудбалер.

„Кога ќе ја најдеш личноста со која ќе го делиш животот мора да има љубов, но исто така почит и разбирање“ , вели Ана.

Познатите спортисти се заедно од 2014 година, а се венчаа во 2016 година.

Текстот (Видео) Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер, романтична фотосесија за „Вог“ е превземен од Reporter.mk.