(Видео) Анастасија ја пееше „Кукавица“во кафеана, песната со која Цеца стана ѕвезда

Ќерката на Цеца, Анастасија Ражнатовиќ, му ја испеа „Кукавица“ на нејзиниот пријател, бизнисменот Драгослав Илиќ. Бизнисменот, кој се занимава со дистрибуција и продажба на нафта во Венецуела, е голем љубител на Србија, па во Белград дошол да го прослави роденденот со своите пријатели, пишуваат српските медиуми.

На снимката на која Анастасија го пее хитот од нејзината мајка се гледаат наредени банкноти од 50 евра на хармониката, а во еден момент гостинката вади и банкнота од 500 евра.

 

Текстот (Видео) Анастасија ја пееше „Кукавица“во кафеана, песната со која Цеца стана ѕвезда е превземен од Reporter.mk.