Заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, беше во кафеана во друштво со претседателот на кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ. Дека се во добро расположение, покажа и на видото што осамна на социјалните мрежи. Антиќ ја пее познатата српска песна „Ѓурѓовден“ и како поранешен играч на „Црвена ѕвезда“ му вели на Жерновски, кој е „партизановец“: „Андреј, гробару…боли, боли“, мислејќи на вечното ривалство помеѓу Партизан и Ѕвезда. Колку за потсетување, вчера се играше фудбалскиот натпревар помеѓу Црвна Ѕвезда и Копенхаген, а белградскиот клуб победи на пенали.
ВИДЕО: Додека пука "Рекет", Жерновски и Перо Антиќ лумпуваат по кафеани!
Posted by Економски Лидер on Среда, 14 август 2019
Текстот (Видео) Андреј, гробару! – Антиќ и Жерновски го залеаја ривалството во кафеана е превземен од Reporter.mk.