Со баладата „Хајде онда ништа“ на Тијана Богичевиќ, пејачката Антониа Гиговска го расплака жирито на „Пинкови ѕвездички – ол старс“. По нејзиниот настап, Леонтина и Наташа Беквалац не штедеа комплименти за нејзиното пеење.
„Емотивно ме потресе. Цело време се трудам на не заплачам, а не можам, толку си добра“, ѝ рече Беквалац на Антониа.
Сликна реакција имаше и Леонтина.
„Немам зборови. Со секоја нова изведба, ти ме оставаш нема. Браво!“, рече Леонтина.
Ова беше петта емисија од циклусот „Ол старс“, а ѕвездичките имаа задача да испеат песна по свој избор. Претходно пееја светски хитови, песни од деведесеттите и денс песни…
Текстот (Видео) Антониа Гиговска го расплака жирито на „Пинкови ѕвездички“ е превземен од Reporter.mk.