(Видео) Антониа Гиговска и пркоси на Марија Шерифовиќ, жирито ѝ се поклони по настапот

 

Младата и талентирана пејачка Антониа Гиговска и овој петок на сцената на музичкото натпреварување „Пинкове ѕвездице“, направи вистинска гужва. Овој пат таа се одлучи за песната „11“, која во оригинал ја изведува евровизиската победничка Марија Шерифовиќ.

За време на целиот настап жирито аплаудираше и се воодушевуваше, а на крајот некои членови од жирито дури и се поклонија. „Мислам дека Марија Шерифовиќ, која секогаш за себе говори дека е најдобра пејачка што е и точно, ќе биде горда кога ќе те слушне тебе, кога ќе ја слушне изведбата на оваа песна“ – искоментира Кристина Кија Коцкар. Гледајте го настапот :

Текстот (Видео) Антониа Гиговска и пркоси на Марија Шерифовиќ, жирито ѝ се поклони по настапот е превземен од Reporter.mk.