Со хитот на Шакира, Whenever, Wherever, пејачката Атониа Гиговска повторно го воодушеви жирито на „Пинкови ѕвездички“. Тие, како и во претходните две емисии, не штедеа комплименти за Антониа и за нејзината имитација на светската ѕвезда.
„Твојот глас, пеeњето, танцувањето, на момент помислив дека Шакира е на сцената пред нас“, ѝ рече Милан Станковиќ на Антониа.
Таа, пак, откри дека прво сакала да пее песна од Сиа, потоа од Мараја Кери, а на крајот се решила за Шакира и за нејзиниот прв светски хит. Ова е трет настап на Гиговска на годинашните „Пинкови ѕвездички ол стар“ на кои сега се натпреваруваат најдобрите од претходните четири сезони. Таа е единствената Македонка на ова натпреварување.
Текстот (Видео) Антониа Гиговска како Шакира е превземен од Reporter.mk.