Македонската пејачка Антониа Гиговска настапува последна во третата емисија од музичкото шоу „Пинкови ѕвездички олстарс“ што ќе се прикажува вечерва и кај нас. Таа, со песната I Will Survive од мјузиклот The Normal Heart го заврши кругот посветен на мјузиклите.
„Пресреќна сум што се вратив на истата сцена на која пеев пред четири години, што видов многу познати лица. Трема немав и супер се забавував во текот на целото снимање. Искрено, задоволна сум од коментарите на жирито“, рече Антониа за „Репортер“.
Таа ни откри и дека во следниот круг сите учесници во шоуто ќе пеат песни од 1990те години.
И на членовите на жирито им се допаднал натапот на Гиговска. Беквалац рекла дека „најдоброто останало за крај“, а Милан Станковиќ ѝ кажал дека со нетрпение чекал да го слушне нејзиниот глас. Комплиментите не ги штедела ни Леонтина.
„Јас размислувам колку ова шоу придонесе да ни израсне една генерација вистински, но навистина вистински пејачи. Нашата музика дојде во еден ќорсокак, пеењето не беше во фокус, а вие сега сте сите пејачи со потполно спротивна ориентација. Ти можеше да одиш во овој филм и да го испееш сето тоа. Вие сте поголеми од песните“, рекла Леонтина.
Текстот (Видео) Антониа Гиговска: Пресреќна сум што се вратив во „Пинкови ѕвездички“ е превземен од Reporter.mk.