Македонската пејачка Антониа Гиговска денес ја промовира својата нова песна „Могли смо у двоје“. Автор на музиката е дарко Димитров, а текстот го напиша Владимир Даниловиќ. Антониа за песната сними и спот, во новото студио на нејзиниот пријател и мејкап артист, Даниел Николовски. Режисер на спотот е Даниел Јовески.
Антониа во моментов се натпреварува во музичкото шоу „Пинкови ѕвездички“, каде што е една од милениците на жирито. Тие се воодушевени од секој нејзин настап, а за нејзиното пеење постојано велат дека е „совршено“, „како да не е од овој свет“ и дека Антонија „пее без маана, а со гласот растура“.
Текстот (Видео) Антониа има нова песна на српски е превземен од Reporter.mk.