Македонската пејачка Антониа Гиговска го испеа првиот хит на Бритни Спиарс, Baby One More Time, во шестата епизода од музичкото реално шот „Пинкови ѕвездички ол старс“. Таа за „Репортер“ откри дека песната ја избрала самата.
„Кога ни кажаа дека темата за следниот круг се деведесеттите години, Бритни ми беше меѓу првите на листата. Песната ја избрав заедно со продуцентите на шоуто. За целиот настап да е совршен ми помогна стилистката Викторија Бурсаќ Петров која ме облече во ‘Баз’“, ни кажа Антониа.
Според членовите на жирито, 17-годишната пејачка и овојпат била феноменална.
„Бритни никогаш не пеела вака, ти ја надмина. Феноменална си како и секогаш“, ѝ рекла српската пејачка и композиторка Леонтина по крајот на настапот.
Учесниците во шоуто овојпат имаа задача да пеат песни од ’90-те години. Целата емисија и настапот на Антониа ќе може да ги гледате утре на ТВ Алфа од 19:15 часот.
Текстот (Видео) Антониа подобра од Бритни Спиарс е превземен од Reporter.mk.