По емотивната изведба на народната песна „Ако згрешам нека изгорам“ од Пепи Бафтировски со која го занеме жирито во „Пинкови ѕвездички“, Антониа Гиговска ја препеа и песната „Неиздрживо“. Во придружба на пијано, гитара и виолончело, таа во свој стил го испеа хитот на поранешниот победник на музичкото шоу „Х-фактор“, од Амел Ќуриќ.
Фановите од целиот регион воодушевено го коментираат нејзиното пеење. „Ова е подобро од оригиналот“, „Амел сигурно се горедее“, „Замислете како би звучела песната ако ја испеат заедно“, „Антониа уби со гласот“, „Девојко, растураш“, се само дел од коментарите.
Ова не е прва преработка на позната народна песна што ја направи пејачката. Таа претходно ја препеа и „Како после нас“, за која доби одлични коментари и пофалби.
(Видео) „Ако згрешам, нека изгорам“, Антонија Гиговска го занеме жирито
Текстот (Видео) Антониа препеа уште една балада, дефинитивно го освојува регионот е превземен од Reporter.mk.