(Видео) Бајага непожелен во Карловац за Денот на пивото

На годинашниот Ден на пивото во Карловац , требало да настапи Бајага со својот бенд. Сепак, поради иницијативата на таканаречените бранители, од концертот на Бајага нема да има ништо.

Бајага и Инструктори требаше да бидат заменети од „Ладно пиво“, но и тие го одбиле ангажманот.

„Ќе дојдеме можеби да испиеме некое пиво. Но, нема да свириме, затоа што не сакаме да бидеме ничија замена. Драги Карловчани, ќе се видиме во некоја друга прилика. Живели!!!“, напишале на својата Фејсбук страна со пост од песната на Бајага, „Ова е Балкан“.

Локалните медиуми објавиле дека замената се случила поради пририсокот на дел од ветеранските здруженија кои изразиле негодување поради концертот. Компанијата „Фест“, е конценсионер на Денот на пивото задолжена за содржината и настапот на изведувачите. Програмата беше претставена од страна на Градот Карловац и немаше никакви проблеми се додека информацијата не беше пуштена во јавност.

 

Текстот (Видео) Бајага непожелен во Карловац за Денот на пивото е превземен од Reporter.mk.