(Видео) „Бекстрит Бојс“ ги пееја хитовите од дома

Момците од популарниот бенд во деведесетите години „Бекстрит бојс“, додека се наоѓаа во карантин, поради коронавирусот, од дома ги пееја своите најголеми хитови и ги забавуваа своите обожаватели.

Брајан Литрел пееше од својот дом во Атланта и тој прв го скрши ледот, а потоа му се придружија и останатите, Еј-Џеј Меклин, Хауи Дороу, Ник Картер и Кевин Ричардсон. Со некои од нив беа и нивните деца.

Backstreet Boys – IHeart Living Room Concert

Posted by BackStreet Boys Fans on Недела, 29 март 2020

Тие ја испеаја и нивната популарна песна I Want It That Way. Секој член на бендот пееше од својот дом, а песната се емитуваше во рамки на емисијата Living Room Concert for America, во соработка со радио мрежата iHeartRadio и телевизиската мрежа „Фокс“.

Фановите воодушевени им дадоа само пофални коментари за нивната изведба.

„Уживав во секој момент“, беше само еден од бројните коментари. „Бекстрит Бојс“ снимката од настапот ја објавија на социјалните мрежи и собраа прек 50.000 лајкови и неколку илјади коментари.

Во рамки на оваа емисија, голем број изведувачи ги отпеаа нивните омилени песни и хитови. Меѓу нив беа Били Елиш, Деми Ловато, Мараја Кери, Камила Кабело, Алиша Кејс и многу други. Посетителите на веб страната имаа можност да донираат пари во добротворни организации во Америка како што се Feeding America и First Reponders Children’s Foundation.

Текстот (Видео) „Бекстрит Бојс“ ги пееја хитовите од дома е превземен од Reporter.mk.