Српската пејачка Наташа Беквалац, која важи за една од најатрактивните пејачки на естрадата, признава дека како и секоја жена и таа е со маани. Беквалац вели дека има здравствени проблеми и почнала со тренинзи во фитнес-сала.
„Секоја жена ќе ме разбере кога велам дека кога ќе застанам пред огледалото гола, со спуштени раце, не заземајќи никаква поза, не изгледа баш сè така совршено како во моментите кога сум облечена. Но, тоа е помалку важно од моментот кој беше пресуден за да почнам да вежбам. Со тренинзите почнав откако сфатив дека по еден час пеење не можев да дишам. За првпат во кариерата ми се случи да побарам две бавни песни, за да можам да земам воздух и да се вратам на своето темпо. Тоа за мене беше страшно поразувачки. Публиката се разбира тоа не го почувствува. Мислеше дека така треба, но за мене тоа беше одлучувачкиот момент да почнам со тренинзи“, вели Беквалац.
Пејачката признала дека има големи проблеми со ‘рбетот, поради тоа што постојано ја носи нејзината ќерка Катја во раце. Беквалац вели дека малата Катја во секој момент треба да прооди.
„Се случува наутро да станам и да се почувствувам како да имам многу повеќе години од тие кои ги имам. Станувам со големи маки“, вели Наташа.
Текстот (Видео) Беквалц има здравствени проблеми, пејачката почна со тренинзи е превземен од Reporter.mk.