Бендот 2Be ја промовираше втората песна „Врати се“. Љупче Стојановски работеше на текстот, додека музиката и аранжманот се на Тино Стојановски. Ова е нивна прва авторска песна.
„Веќе подолго време работевме на песната. Го чекавме вистинскиот момент за да ја објавиме. Се надеваме дека ќе и се допадне на публиката“, велат од бендот.
Видеото го снимале на неколку локации во Охрид и Битола, а во иднина велат дека планираат уште многу нови песни.
Текстот (Видео) Бендот 2Be имаат нова песна е превземен од Reporter.mk.