(Видео) Бијонсе и Џеј Зи седат за време на интонирањето на химната

Раперот Џеј Зи и неговата сопруга пејачката Бојонсе седеа за време на интонирањето на американската химна на „Супер боул“. Музичката двојка ги шокираа фановите со начинот на кој се однесуваа, додека на теренот химната ја пееше Деми Ловато. Двајцата само се поместуваа од местата, за да можат да имаат подобар поглед на теренот.

„Треба да се иселат од земјата, ако не можат неколку минути да стојат додека трае химната. Им дадоа одличен пример на ќерката“, биле само некои коментарите на социјалните мрежи.

Музичката двојка претходно се најде во центарот на вниманието годинава, на доделувањето на наградите на „Златен глобус“. Двојката задоцни на церемонијата и сакаше веднаш да седнат иако организаторите им објаснија дека тоа не беше возможно.

Откако медиумите објавија за овој скандал, јавноста веднаш го осуди нивното однесување

 

Текстот (Видео) Бијонсе и Џеј Зи седат за време на интонирањето на химната е превземен од Reporter.mk.