Македонската фолк-група „Биоритам“ го преработи најпознатиот хит на Лајонел Ричи, Hello. Момците за песната снимија и видео со Иван Солунчев и песната ја промовираа на нивниот „Јутјуб„ канал.
„Ова е само една од десетте преработки што ќе ги направиме, а се дел од новиот проект на групата“, рече за „Репортер“ Владимир Поповски, пејачот на бендот.
„Биоритам“ е една од најпопуларните македонски групи на народна музика. Тие постојат повеќе од 20 години, време во кое издадоа неколку албуми и освоија многу награди на фестивалите на народна музика. Прв пејач на групата беше Новица Василевски, а последните три години тоа е Владимир Поповски.
(А.Ј)
Текстот (Видео) „Биоритам“ го препеаја најголемиот хит на Лајонел Ричи е превземен од Reporter.mk.