(Видео) Блу Ајви се срами од секси спотот на Бијонсе и Џеј Зи

Блу Ајви, ќерката на Бијонсе и Џеј Зи се засрамила додека го гледала новиот спот на нејзините родители, а во кој има секси сцени. Таа присуствувала на еден од нивните концерти, ама кога на видео-бимот почнал да се прикажува провокативниот спот, се скрила зад банерите што биле пред неа.

Некој од присутните на концертот го снимил моментот кога Блу Ајви се крие засрамена заради своите родители. Видеото стана хит на социјалните мрежи.