(Видео) Боно им посвети хит на Италијанците, а Леџенд направи домашен концерт

Голем број на ѕвезди додека се во своите домови во самоизолација поради опасниот коронавирус, покажаа солидарност и преку видеа на социјалните мрежи, им го разубавија денот и вечерта на стотина илјадници фанови. Крис Мартин пееше од својот дом и развесели илјадници свои фанови, а оскаровецот Ентони Хопкинс покажа уште еден талент и беше брилијантен на својот клавир.

Крис Мартин, пејачот од групата „Колдплеј“ на своите фанови им одржа концерт од својот дом. Бројни обожаватели му напишаа дека во овие тешки моменти успеал да ги расположи.

 

View this post on Instagram

 

Chris played a mini gig at home earlier today on IG Live. @glblctzn @WHO @JohnLegend #TogetherAtHome

A post shared by Coldplay🌙☀️ (@coldplay) on

Боно Вокс по пауза од три години се јави со нова песна која им ја посвети на Италијанците, кои во моментов се наоѓаат во карантин и кои единствениот начин да се расположат го бараат во пеењето од нивните балкони.

„За Италијанците кои ме инспирираа. За Ирците. За секој на кого денот Свети Патрик му е тежок, но и понатаму пее. За лекарите, за медицинските сестри и негувателките“, напиша Вокс на својот „Инстаграм“ профил. Песната Let Ypur Love Be Known за рекордно време стана хит на социјалните мрежи.

Оскаровецот Ентони Хопкинс развесели илјадници обожаватели. Иако го паметиме по брилијантните улоги во филмовите, глумецот покажа и дека е вешт на клавирот.

 

View this post on Instagram

 

Niblo is making sure I stay healthy and demands I entertain him in exchange… cats 🤷🏼‍♂️

A post shared by Anthony Hopkins (@anthonyhopkins) on

„Нибло се грижи да останам здрав, а во замена бара да ги забавувам мачките“, напиша Хопкинс покрај видеото на кое свири со мачката во скут.

Во тешките моменти насмевка на лицата на милиони фанови извлече и Брус Спрингстен, кој сподели видео од легедарниот концерт London Calling: Live in Hyde Park во кој обожавалите можеа да уживаат пред 11 години. Сега имаа можност да уживаат и во нивните домови.

Солидарноста ја покажа и пејачот Џон Леџенд кој своите пријатели ги почести со концерт во живо на „Инстаграм“. Друштво му правеа сопругата и ќерката.

Текстот (Видео) Боно им посвети хит на Италијанците, а Леџенд направи домашен концерт е превземен од Reporter.mk.