Ирската музичка група U2 по само неколку песни, мораше да го прекине синоќешниот концерт во Берлин затоа што нејзиниот пејач Боно остана без глас. Илјадниците разочарани фанови неколку минути беа во исчекување дали на пејачот ќе може да му се врати гласот и да продолжи со концертот.
„Многу ни е жал поради прекинот на концертот. Боно беше во полна форма и гласот му беше во извонредна состојба во пресрет на концертот, но по само неколку песни го изгуби“, пишува во соопштението, кое рок групата го испрати до јавноста преку нејзината музичка страница.
Медиумите подоцна пренесоа дека губењето на гласот веројатно бил како последица од чадот кој го испуштале уредите за димни ефекти.
„Не знаеме што се случи. Ќе се консултираме со лекар“, се додава во соопштението.
„Боно остана без глас за време на половината од втората песна. Почна со крајни маки да ја пее и третата, но на крајот мораше да се извини за прекинот. Заминаа на пауза да се обидат да му го спасат гласот. По само 20 минути пристигна еден маж на бината и не замоли за трпение. По 20 минути ни кажаа дека им е жал и дека концертот не се во можност да го продолжат“, изјавил еден од присутните во публиката во Берлин.
Текстот (Видео) Боно остана без глас, па U2 мораа да го откажат концертот е превземен од Reporter.mk.