Младиот битолчанец Божидар Николовски деновиве го промовираше својот трет по ред кавер на песната “Fly me to the moon”. Со ова ја најави и неговата втора авторска песна.
По снимањето на неговиот прв кавер на песната “Осамен” од Трајче Манев, Божидар го снима и неговиот втор кавер на легендарната „Битола мој роден крај”.
Набрзо потоа се појавува во Канео фест, каде решава да учествува со негова прва песна. Првата песна му е насловена како “Да си моја” каде што текстот, музиката и аранжманот се дело на Мими Марковски.
Текстот (Видео) Божидар Николовски ја испеа песната „Fly me to the moon“ е превземен од Reporter.mk.