По повод 50 години од стапнувањето на првиот човек на Месечината, на социјалните мрежи беше објавено видео од новиот филм на Бред Пит, Ad Astra. Станува збор за ексклузивен инсерт од новиот филм, во кој актерот слетува на Земјениот сателит.
Филмот е изработен од режисерот и сценаристот Џејмс Греј познат по филмот „Изгубениот град З“. со холивудскиот актер Бред Пит во главната улога. Инспирација за овој филм е романот Срце на темнината на Џозеф Конрад.
Приказната го следи астронаутот Рој Мекбрајд (Бред Пит), кој патува до самиот крај на Соларниот систем во потрага по неговиот татко (Томи ли Џонс), кој исчезнал за да ја открие мистеријата која претставува закана за опстанокот на нашата планета. За време на патувањето Рој открива тајна која го доведува во прашање човековиот опстанок.
По повеќе од две децении и улогата во филмот „Дванаесет мајмини“, која му ја донесе и првата номинација за Оскар, Бред Пит повторно и се враќа на научната фантастика. Во останатите улоги се Лив Тејлер, Доналд Сатерленд, Рут Нег и други.
Деновиве беше објавен ексклузивен инсерт од филмот, кој се очекува премиерата да ја има на 20. септември.
Текстот (Видео) Бред Пит слета на Месечината е превземен од Reporter.mk.