Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, е заболен од коронавирус и се наоѓа во самоизолација, но сè уште ќе ја врши функцијата.
„Во текот на последните 24 часа развив благи симптоми и се тестирав за коронавирус, а резултатот е позитивен“, рече Џонсон. „Сега сум во самоизолација, но ќе продолжам да работам во борбата против вирусот преку видео-конференциска врска“, објави Џонсон на „Твитер“.
Over the last 24 hours I have developed mild symptoms and tested positive for coronavirus.
I am now self-isolating, but I will continue to lead the government’s response via video-conference as we fight this virus.
Together we will beat this. #StayHomeSaveLives pic.twitter.com/9Te6aFP0Ri
— Boris Johnson #StayHomeSaveLives (@BorisJohnson) March 27, 2020
Пред два дена и крлското семејство објави дека принцот Чарлс е позитивен на коронавирус и дека се наоѓа во самоизолација во замок во Шкотска.
Текстот (Видео) Британскиот премиер, Борис Џонсон, заразен со коронавирус е превземен од Reporter.mk.