Фолк-ѕвездата Цеца Ражнатовиќ вчера одржа голем концерт на „Билјанини извори“ во Охрид. Неколкуилјадната публика под отворено небо уживаше во двочасовното шоу на една од најголемите ѕвезди на Балканот. Тие со Цеца ги пееја во еден глас сите нејзини песни, од најголемите хитови, до песните од последниот албум. Пејачката уште на почетокот ја поздрави публиката во Охрид, вети одлична забава, а тие ѝ вратија со огромен аплауз и овации.
„Цеца е незаменлива“, „Жена кралица“, „Па има ли поголема ѕвезда од Цеца“, „Многу добар концерт“, беа само дел од коментарите на гостите на концертот.
Иако концертот требаше да почне во 21:30 часот, Цеца на сцената се појави дури по 23:30. Пред неа скоро 90 минути пееше нејзиниот специјален гостин Џенан Лончаревиќ, а публиката која на почетокот му аплаудираше, на крајот го испрати со свиркање, оти со нетрпение го чекаше настапот на фолк-пејачката.
Фолк-пејачката во Охрид пристигна со приватен авион, а потоа веднаш се врати во Белград. Концертот на Цеца го организираше „Балкан медиа“.
Текстот (Видео) Цеца доцнеше два часа на концертот во Охрид е превземен од Reporter.mk.