Со виолетови балони, албум со семејни слики во вид на огромно срце и венец од цвеќе пред вратата на нејзиниот дом, фановите ја изненадија фолк-ѕвездата Цеца Ражнатовиќ за роденденот. Тие ја пречекаа пред нејзината куќа, пред да оди на роденденската прослава. Таму ѝ ги дадоа подароците, ѝ ја испеаја роденденската песна и се сликаа со неа.
„Тоа е љубов најголема“, напиша еден од нејзините обожаватели, кој сподели слики и видео од изненадувањето.
Цеца, која вчера наполни 46 години, роденденот го прослави со семејството и најблиските пријатели. За забавата таа избра проѕирна црна блуза и панталони со светки. Пред да отиде на роденденската вечера, таа за српските медиуми рече дека годинава не сакала голема журка оти веќе правеле забава за роденденот на Анастасија.
Текстот (Видео) „Цеца е љубов најголема“ – Фановите ја изненадија пејачката за роденденот е превземен од Reporter.mk.