Поп-пејачката Биба Додева ја преработи познатата песна на „Леб и сол“- „Скопје“. Песната и спотот се пуштени денес во пресрет на 13 Ноември, Денот на градот Скопје. Она што е интересно во спотот е што се појавуваат многу познати личности од естрадата, навивачи на „Вардар“, глумици, пејачи…. од Данчо Чеврески, Драган Б. Костиќ, до Дани Димитровска и Антонија Гиговска, Панчо од ДНК, Трифун Костовски, Игор Џамбазов, Ана Стојановска, Пере од „Нокаут“.
„Им благодарам на Влатко и Горан Стефановски што можев да растам со песнава и сега да ја препеам“, напиша Биба и додаде: „Честит празник, мое мило Скопје. Чисто да ни бидеш, да те дишеме, де се гушкаме и љубиме повеќе“.
Текстот (Видео) Цела скопска естрада во преработката на „Скопје“ од „Леб и сол“ е превземен од Reporter.mk.